Уште еден ракометар на Вардар се најде на списокот на патници на Светкото првенство кое во јануари годинава ќе се одигра во Египет. Се работи за пикерот Патрик Валчак кој доби повик од селекторот на Полска.
Валчак е на списокот од 20-те играчи кои ќе патуваат на мундијалот во Египет, каде на еден натпревар шанса добиваат 16 ракометари, но секако дека Валчак со неговите квалитети ќе биде еден од адутите на Полската селекција, која се наоѓа во група заедно со репрезентациите на Тунис, Шпанија и Бразил.
Валчак ја игра својата прва сезона во црвено-црниот дрес, откако пристигна од екипата на Либек.