Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Георгиевски: Победата со Војводина беше само увертира за натпреварите кои не очекуваат во ЛШ
Георгиевски: Победата со Војводина беше само увертира за натпреварите кои не очекуваат во ЛШ

Георгиевски: Победата со Војводина беше само увертира за натпреварите кои не очекуваат во ЛШ

Со победа започна новата година за тимот на РК Вардар. Во рамките на СЕХА-лигата, црвено-црните беа подобри од екипата на Војводина, која ја победија со резултат 25:21. Од самиот старт на дуелот, нашиот шампион имаше предност која ниту во еден момент не беше загрозена. Одигравме доволно за да ги освоиме првите бодови во ова натпреварување.

Најефикасни во нашиот состав беа Георгиевски и Дибиров кои постигнаа по 4 голови. Токму Георгиевски ги сподели впечатоците од победата.

-Малку тврдо влеговме на овој натпревар кој беше после пауза од два месеци. Имаше многу грешки што е нормално за еден ваков натпревар после долга пауза. Сакам да им честитам на играчите на Војводина за фер и коректната игра. Мислам дека заслужено победивме. Ова беше само увертира за натпреварите кои не очекуваат во Лигата на Шампионите. Многу битна победа за нашата самодоверба, сега ни останува да се подготвиме за дуелот со Нексе кој се игра во понеделник.