Завчера единственот младински тим на РК Вардар, предводен од Зоран Петковски-Зенга го имаше својот прв натпревар. По речиси една недела во тренажен процес нивниот кормилар се одлучи за меч бидејќи преголема е паузата од напревари, по прекинот во март воопшто младинските машки лиги не започнаа со одигрување.
Гостувавме вчера попладне во салата „Автокоманда“ кај екипата на РК Металург. Одигравме еден динамичен дуел со цел да согледаме до каде е нашата напреварувачка форма во овој момент. Дуелот немаше резултатски суперлатив за двата тима, воопшто не се водеше сметка за бројот на голови, двата тима се обидуваа да ги вовежбаат одбраните и офанзивните акции.
Тренерот на црвено-црните надежи потенцира дека е задоволен од играта и дека во овие подготовки ќе се обиде да изнајде голем број на ривали со цел одигрување на значаен број пријателски мечеви, особено со скопските тимови во нашата возрасна категорија.
Погледнете еден од најубавите потези на овој дуел, по одлична асистенција на Виктор Трифуновски одлично погоди за нас Александар Стојменов, погодокот може да го погледнете на следниот ЛИНК!