Пред точно три години, Вардар успеа да го победи тимот на Пик Сегед. Во натпреварувачка сезона 2017/18, црвено-црните на домашен терен го победија токму денешниот противник.
Во рамките на групната фаза, Вардар на домашен терен славеше триумф со резултат 34:30. Најефикасни на тој дуел беа Дибиров со 11 голови, Лука Циндриќ беше стрелец на 6 голови, додека Данилл Шишкарев имаше 5 погодоци.
Денес Вардар гостува кај Пик Сегед, се надеваме дека нашиот шампион ќе излезе како победник, иако актуелниов состав со тој што издвојуваше победа пред три години е многу различен. Така дел од тој и сегашниот тим беа само Дибиров и Стоилов.