Вчера, РК Вардар замина за Унгарија, каде денес го очекува натпревар од ЕХФ Лигата на Шампионите против екипата на Пик Сегед. Противникот го доби дуелот кој се одигра пред четири дена во С.Ц. Јане Сандански (26:28), а нашиот шампион се надева дека може да победи на теренот на противникот.
Од овој натпревар кој започнува во 18:45 часот ќе може да проследиме директен пренос на Македонската радио и телевизија. Мечот ќе го даваат на спортскиот канал, МТВ-3.