Вечното дерби на Македонија кое попладнево се одигра на градскиот стадион зврши без победник, односно со нерешен резултат 2:2 (1:1). Нашиот шампион на два пати водеше, но гостинот на крајот освои бод.
Фудбалерите на Вардар не можеа да посакаат подобро отварање на дербито. По само три минути игра, гостинот направи една голема грешка, а таа умешно ја искористи Петковски кој стрелаше во празниот гол на Пелистер од 20-сетина метри за 1:0. По голот Вардар се затвори и чекаше шанса од контри. Противникот ја зеде топката во свој посед и беше доста опасен по голот на Илиќ. Се играше 22. минута, Пелистер изведе еден корнер, Илиќ одбрани и исфрли на пет метри, а таму се најде Пејаковиќ на кој не му беше тешко да погоди за 1:1. По голот, гостинот беше уште по опасен по голот на Илиќ, но за наша среќа немаше реализација. Во првиот дел кај Вардар е за одбележување само уште еден шут на Мирчевски од далечина, но многу непрецизен.
По само три миунути игра во второто полувреме, црвено-црните ја враќаат предноста. После нафрлена топка од десната страна, лошо реагираше противничката одбрана, на топката стигна Мартин Мирчевски кој од шеснаесетникот биеше прецизно во мрежата за предност од 2:1. Новото засилување за Пелистер, играчот од Гана, Гудиаби, имаше можност по влегување во игра да го израмни резултатот, но одлично одбрани Илиќ и спречи погодок за гостинскиот тим. Вардарци играа паметно, се обидуваа да искористат грешка на противникот и да создадат нова прилика за погодок. Во 64 минута се закани и Блажевски, но во последен момент блокираше еден од играчите на Пелистер, па топката отиде во корнер. Од истата ситуација, после нафрлена топка, Мирчевски се обиде со глава од тешка ситуација, но ништо опасно кон голот на битолчани. Голема прилика пропушта Пелистер во 73 минута од мечот, се играше акција од десната страна, кога Илиевски не успева од добра позиција да погоди, односно топката оди на голот, среќа за нашиот шампион во овие момент. Во игра во вториот дел ги видовме Давид Велковски и Ерен Парталко. Во 80.минута стигна израмнување на дерби дуелот, Борче Маневски искористи тоа што не успеваме да ја отстраниме топката од нашиот шеснаесетник, бие по земја, немоќен Илиќ за израмнување на 2:2. Тренерот Илиевски му дава шанса и на младиот Георг Стојановски, кој го замени капитенот Блажевски.