Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Давид Голубов најдобар стрелец, Лука Јаневски најдобар голман на турнирот во Охрид
Давид Голубов најдобар стрелец, Лука Јаневски најдобар голман на турнирот во Охрид

Давид Голубов најдобар стрелец, Лука Јаневски најдобар голман на турнирот во Охрид

На завршениот младински фудбалски турнир во Охрид кој се одржуваше од 5-8 декември, екипата на Вардар генерација “2006“ го освоија првото место. Тие во финалето беа далеку подобри од екипата на Форца, со убедлив резултат од 8:1. Преходно во групата бевме подобри од екипите на Академија Пандев(11:0), Фер Плеј(4:2) и Караорман(11:3). Во 1/4 се сретнавме со Тотал Фудбал (6:0) , во полуфиналето по изведувањето на пенали повторно го добивме Караорман (3:2).

vardarfans david golubov

После одигрување на финалниот натпревар беа доделни поединечните награди. За најдобар стрелец беше прогласен “чудото“ од Вардарово дете, Давид Голубов кој постигна 11 голови. Да потсетиме дека истово момче ја доби истава награда и на претходните два турнири, на кои неговата генерација го освои првото место. Тоа се турнирите “Кул Куп 2015“ и турнирот по повод 13 ноември. Воедно е најдобар стрелец за Вардар и во натпреварите од детската фудбалска лига. Со своите мајстории и погодоци му донесе нов, вкупно трет трофеј за Фк Вардар генерација “2006“.

vardarfans najdobri od turnirot vo ohrid

Голманското откритие Лука Јаневски кој го најавивме во еден наш текст за него, беше прогласен за најдобар голман на изминатиов турнир во Охрид. Инаку Лука на овој турнир беше позајмен да брани за екипата на Форца, против која црвено-црните играа во финалето. Лука е најзаслужен што тимот на Форца успеаа да се пласира во големото финале, каде сепак наиде на далеку подобриот тим на Вардар. Ова момче инаку ги брани боите на Вардар, настапувајќи за генерација “2007“ која ја предводи тренерот Томче Трајановски. Во некои мечеви од детската лига, имаше можност да го брани голот и на генерација “2006“. Неговиот талент е неспорен, а Слободан Мутибариќ е најзаслужен за неговото донесување во најдобриот клуб во Македонија.