За утре навивачката група Комити закажува прес-конференција на која јавно ќе ги изнесат сите детали од акцијата „Купи билет за спас на ФК Вардар. Во најтешките времиња за клубот, Комити први „подадоа“ рака за спас на својот миленик.
Во целост ви го пренесуваме нивното соопштение.
За утре, Среда 10.03.2021г. во 13:45ч закажуваме Прес конференција, каде на јавна сцена ќе биде презентиран отчетот од Акцијата „Купи билет за спас на Вардар“
Ќе бидат презентирани интересни факти и информации за тековното функционирање на FK Vardar, како и наредните чекори кои ќе ги преземеме.
Се фативме за орото, за сега се држиме затоа што ја чувствуваме вашата поддршка во нашата заедничка борба за спас на Македонскиот Пиреј. Само поради тоа што вие сте позади нас, не се жалиме иако сме фрлени на улица, и оставени на милост и немилост.
ВАРДАР МОРА ДА ЖИВЕЕ !!!
Вардар е нашата последна линија на одбрана, па ако сте решиле да го згаснете, ќе мора да го угасите жарот на последниот еден од нас. Ако сте решиле да не закопате, сетете се дека ние сме семето кое ќе никне за да се издигне над вас, да ве засени и да ви покаже колкава е неговата големина.