Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Висок пораз на Вардар, мора нешто да се менува
Висок пораз на Вардар, мора нешто да се менува

Висок пораз на Вардар, мора нешто да се менува

Вардар доживеа висок пораз, откако денес беше совладан од екипата на Шкендија со резултат 1:6 (1:2).

Фудбалерите на Вардар не можеа да посакаат подобро отварање на овој дуел. По само 11.минути игра, односно од првата шанса дојдоа до предност. Кој друг ако не одличниот Мирчевски. Доби една топка на 15-сетина метри и во манир на вистински стрелец биеше крајно прецизно за 1:0. По голот, Вардар се затвори, а противникот напаѓаше. Токму 27.минута беше кобна по нашиот тим. На еден многу несреќен начин гостинот дојде до 1:1. Рамадани биеше по еден изведен корнер, топката се одби од Лазаревиќ и заврши во голот. Само седум минути подоцна беше досуден нов пенал во шеснаесетникот на Вардар. И овој беше крајно сомнителен кога е во прашање нашиот тим. Ибраими ја зеде топката и биеше прецизно за 1:2. До крајот на првиот дел Вардар имаше две добри шанси да израмни на 2:2, но за жал не беа искористени приликите.

Во вториот дел се случи вистински потоп кога е во прашање Вардар. Противникот постигна дури четири погодоци преку Дориев, Ибраими, Хебај и Елези за високи и убедливи 1:6. Ништо не функционираше во домашниот тим. Грешките се редеа, а противникот знаеше тоа да го искористи.