Согласно календарот на атлетски натпревари на атлетската федерација на Македонија во сабота со почеток во 13-00 часот на арената „Филип Втори Македонски“ ќе се организира атлетскиот митинг „Светски ден на атлетиката“.
Петре Завировски ќе настапи на 3.000 метри, стартот на оваа дисциплина е закажан во 13-30 часот. Ова е прв во низата на натпревари кои следат за Завировски. Вардаровиот атлетичар, периодов во кој беа откажани сите натпревари поради задолжителен ПЦР тест го искористи максимално за подготовки за она што следи. Тренираше одлично, со висок интензитет и голем обем.
Покрај настапот на 3.000м на 8 мај, следуваат на 23 мај во Струга- „Трка на поезијата“ каде ќе трча на 10 километри. Начелно потоа закажан е настап на 6 јуни во Охрид, на „Охрид Трчат“ каде ќе биде дел од полумаратон (21км), следи 13 јуни во Скопје, „Скопје Трча“ на оваа манифестација ќе настапи на трката од 10километри.
Згуснат распоред во кој со оглед на тренинзите и формата на Завировски, можеме да очекуваме нов драматичен подем.