Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КУП: ЖКК Вардар утре игра 1/2-финале, ривал Баскет Кам

КУП: ЖКК Вардар утре игра 1/2-финале, ривал Баскет Кам

zkk-kup 

Кошаркарската Федерација го организира  завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ 2021 година во женска конкуренција.

Најтрофејниот клуб кога станува за Куп натпреварувањето во женска конкуренција, Бадел 1862, сака да се врати на престолот на кој во последните три изданија (2017, 2018 и 2019 година) ’царува’ ЖКК Вардар. Вардарки, очекувано, велат дека продолжување на победничката низа е императив за нивниот состав.

Четирити екипи ќе си ги одмерат силите во полуфиналните дуели, закажани за претстојниот петок (7. мај), а победниците од овие дуели ќе се пресметаат и ден подоцна во рамки на финалниот дуел. Сите натпревари ќе бидат одиграни во СРЦ „Кале“ (голема сала).

Двојки:
(1) Бадел 1862 – (4) Крива Паланка
(2) Баскет КАМ – (3) Вардар