Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Јелена Антиќ: Девојките од ЖКК Вардар дадоа максимум во 1/2-финалето

Јелена Антиќ: Девојките од ЖКК Вардар дадоа максимум во 1/2-финалето

v-trener

Во полуфиналето од женскиот кошаркарски Куп 2021,  кој од оваа сезона го носи името „Благоја Георгиевски-Буштур“. ЖКК Вардар беше поразен од Баскет кам. По дуелот Јелена Антиќ, тренерот на Вардар даде свое видување:

„Прво сакам да им честитам на екипата Баскет Кам, заслужена победа. Им честитам и на нашите девојки за кои сметам дека дадоа максимум од тоа што можат да пружат. Мора да разбереме дека екипата на Вардар оваа година е доста помлада од Баскет Кам. Како и да е, мислам дека овој резултат не е објективен, но тоа е што е. Им посакувам многу среќа во финалето, а на нашите девојки им посакувам да се одморат и да се подготват за натпреварите што следат – повторно со Баскет Кам во плејофот. Ќе видиме што можеме да промениме во однос на нападот и на одбраната. Факт е дека противникот е физички подоминантен од нашата екипа. Ќе видиме што можеме да направиме, да пружиме подобра игра. Финалето ќе биде добар натпревар, со среќа нека им е и на двете екипи и нека победи подобриот.“