Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар поразен во полуфиналето од Купот
ЖКК Вардар поразен во полуфиналето од Купот

ЖКК Вардар поразен во полуфиналето од Купот

Кошаркарките на Баскет КАМ убедливо го совладаа скопски Вардар, и ќе играат во своето, прво, и за клубот од Македонска Каменица, историско финале во кошаркарскиот Куп кој од оваа година го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“.

БАСКЕТ КАМ – ВАРДАР   95:59

Кошаркарките на Баскет КАМ стартуваа исклучитело ефикасно. За нецели четири минути од играта поведоа со (12-0), а девет од тие поени беа дело на силно мотивираната Митрашиновиќ.

Своите први поени „вардарки“ го реализираа по нешто помалку од пет минути. Споија шест поени со кои ја преполовија големата негатива (6:12).

Тоа беше вовед во нивна многу подобра игра. Но Гобељиќ, со десет поени и се придружи на Митрашиновиќ во поентирањето, па Баскет КАМ го затвори првиот период од второто полуфинале со (23:15).

Вториот период покажа дека екипата од Каменица поседува доста поголем квалитет во однос на вардаровата. Девојките од Каменица направија „вишок“ и од 20.поени (43:23), како што стоеше на семафорот по 18.минути од играта.

zkk2

Предводени од ударниот тандем (искомбинираа 36 поени), екипата на Баскет го затвори полувремето со уште повисоки (52:30).

Наков реализираше десет, а Пејковска еден помалку кај Вардар.

Третата четвртина не донесе некои особено „видливи“ промени во играта кај двете екипи. Евидентниот квалитет кој Баскет КАМ го има во својата ударна петорка одржуваше предност повисока од 20.поени. По 30.минути од играта екипата од Каменица беше уште подалеку од Вардар, имаше (74:48).