Македонската фудбалска репрезентација до 15 години, изминативе три дена одигра натпревари на 3.издание на меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“. Избраниците на Неџат Шабани одиграа три натпревари на кои беа поразени од своите противници.
На првиот дуел се сретнавме со репрезентацијата на Белорусија од која бевме поразени со резултат 2:4. Следеше натпревар против домашната репрезентација на Хрватска, која не победи убедливо со резултат 1:7 (0:3). На последниот натпревар од групата за противник ја имавме селекцијата на Бугарија, и тука младите надежи на Македонија претрпеа пораз со резултат 0:2 (0:0).
На сите три натпревари настапи забележаа тројцата вардарови играчи. Тоа се Андреј Величковски, Димитар Порчу и Алтин Алији.
Во недела не очекува натпревар за пласман на 7.место против репрезентацијата на Албанија.