Вардар одигра одлично прво, очајно второ полувреме, за убедлив пораз во Куманово (78:112). Неверојатен пресврт во играта, а уште повеќе во резултатот во последниот меч од регуларниот дел од сезоната, направија кошаркарите на Куманово 2009 во дуелот со Вардар.
КУМАНОВО 2009 – ВАРДАР 112:78
Кошаркарите на Куманово 2009 и на Вардар одиграа еден натпшревар со две дијаметрално различни полувремиња.
Во првото, гостите од Скопје имаа изненадувачко водство пд седум поени (52:45).
Но во второто полувреме едноставно ги „снема“ од теренот. Постоеше само една екипа, кумановската.
Звучи неверојатно, но е вистинито, Куманово го доби со повеќе од убедливи (67:26) за конечни (112:78).
По 22.одиграни натпревари, кумановските „сино-белите“ се на ефект од 13. победи и 9. порази, додека мечевите од Плеј-аут лигата екипата на Вардар ги дочекува со скор (4-18).