Повторно со настапи активна ќе биде македонската фудбалска репрезентација составена од играчи до 16 години. Избраниците на Тони Јакимовски во недела ќе заминат за Стара Пазова (Србија) каде ќе бидат дел од турнир.
За денес е закажан собирот на репрезентативците, меѓу кои се наоѓаат и тројца играчи од редовите на Вардар. Тоа се Никола Величковски, Марко Стојилевски, и Ѓорѓи Дошев, за кој ова е прв повик во националниот дрес.
На првиот натпревар ќе се сретнеме со репрезентацијата на Црна Гора, додека во зависност од тоа дали ќе победиме или изгубиме на вториот натпревар за противник ја имаме репрезентацијата на Србија или Бугарија.