Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Во недела ве повикуваме само вас ВАРДАРЦИТЕ !
Комити: Во недела ве повикуваме само вас ВАРДАРЦИТЕ !

Комити: Во недела ве повикуваме само вас ВАРДАРЦИТЕ !

*Преземено од официјалната страница на Комити Запад во целост:
Последен натпревар на Вардар, во сезоната која ќе ја паметиме како чистилиште низ кое поминаа само оние кои вистински него го сакаат.
Согласно новите препораки од Комисијата за Заразни Болести, и протоколите за јавно здравје дозволено е присуствување на настани од јавен карактер, со редуциран капацитет.
Да се појавиме и достојно да се простиме од сезоната, гордо да најавиме дека нема да бидеме никогаш ничии полтрони, ничии играчи, ниту пак ќе прифаќаме било какви компромоси кои ќе имаат историски реперкусии кон клубот.
Вардар е веќе второлигаш, и кај вистинските навивачи тоа ништо не менува. Нема да дозволиме ниту во еден момент никој да се сити на оваа состојба, туку со насмевки и со кренати глави ќе чекориме, затоа што нема поголема казна за душманите од тоа да им покажеме дека не можат да не скршат со ништо. Радоста е најголемото наше оружје, нашата среќа ќе ги докрајчи пред се оние кои потрошија многу ресурси, време и пари за да се случи вакво сценарио, и повторно машки застанавме, и малку фалеше да оствариме комплетна победа.
Но што е победата, кога ние со нашите дела и постапки веќе ја заслуживме, а тоа што ни беше украдена од тројната коалиција на надлежните заедно со ФФМ, нема да го скрши нашиот морал, затоа што останавме компактни и борбено способни за да им задаваме удари во времето кое доаѓа.
Причини за радости имаме многу, нашите срца се големи, нашата љубов неизмерна, а тоа е она што е непроценливо и со трајна вредност. Нашата приказна со Вардар ќе продолжи да трае се до вечноста, заради тие кои што сме, за честа, за Вардар.
Во Недела се повикани само оние кои вистински го сакаат Вардар, играчите, стручниот штаб, навивачите. Во Недела ја спуштаме ролетната и го затвараме влезот во клубот за оние кои придонесоа до ова да дојде, но и за оние кои не сторија ништо да спречат а можеа.
Во Недела ве повикуваме само вас ВАРДАРЦИТЕ !
Недела, 16.05 во 15:00ч.
Бидете пред Јужна трибина !
Дисциплината е задолжителна – маски & растојание, затоа што имаме одговорност за нас и другите, затоа што имаме Достоинство !
Прва, втора, трета, општинска…