Во текот на вчерашниот ден, генерацијата 2009 на ФК Вардар одигра два пријателски натпревари со екипата на Работнички. Првиот дуел му припадна на противникот, додека вториот дуел на овие две екипи заврши со нерешен резултат. Тренерот на Вардар, Милан Крстев, им даде шанса за настап на сите играчи кои беа во ростерот за двата дуели.
Со оглед дека имаше поместување во термините за овие натпревари, фотографии можете да погледнете само од вториот натпревар, додека целосна галерија ќе биде достапна во текот на утрешниот ден.