Две млади екипи на Женскиот одбојкарски тим „Вардар ЕМ„ обезбедија завршен ф-4 турнир, станува збор за женската кадетска и младинска екипа на црвено-црните.На истите ќе атакуваме на два шампионски пехара.
Следниот викенд ќе се одржи Ф-4 кај младинките, на истиот свој пласман обезбеди тимот на ЖОК Вардар ЕМ. Нашите дами во младинскиот 1/4-финален дуел го совладаа тимот на ОК Јанта Волеј Форца со резултат 3-1 и обезбедија пласман на завршницата.
Вчера, понеделник (24.мај) кадетките на Вардар ЕМ во четврт-финалето се сретнаа со екипата на Мастер Волеј, нашите девојки победија со максимален резултат. Триумфот дојде со резултат 0-3 и со истиот обезбедивме пласман на завршниот Ф-4 турнир.
Во текот на утрешниот ден ќе ви донесеме детали за Ф-4 турнирот, наши ривали во двете конкуренции, учесници итн.