После една сезона помината во Вардар, францускиот интернационалец го напушта клубот и се враќа во родната земја. Кантегрел дојде на почетокот од сезоната од екипата на Тулуз, но не успеа да се наметна во составот кој беше предводен од Алушовски, иако сметаме дека и не доби вистинска шанса за докажување.
Кантегрел се збогува од Вардар и Скопје, а притоа напиша: „Merci Skopje“.
Во новата сезона голманскиот тандем на Вардар ќе го сочинуваат Ристовски, Томовски, Али Сафар, како и младиот Васил Гогов.