Вчера на седница ИО на Кугларската федерација на Македонија беа донесени следните за Купот и младинските првенства и некои други. Вардарци ќе играат во Купот и ќе имаат преставници во младинските шампионати. Сите настани ќе се играат во Битола, конечно по децении овој град доби нова куглана па сосема очекувано беше истата да биде домаќин на овие настани. Одлуките на федерацијата се следни:
- Поднесување на Пријава А за СП во Словенија за сениорската машка и женска екипа и за женската кадетска екипа.
- Одржување на КУП првенство на РС Македонија на 26.06.2021 во Битола
- Одржување на државно кадетко првенство У18 во Битола на 02.07-03.072021
- Одржување на државно јуниорско првенство У23 во Битола на 08.07-09.07-10.07.2021