Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Зенга во пеколна младинска група, ќе одиграат 5 меча за три дена за пласман на Ф-4 (распоред)
Момците на Зенга во пеколна младинска група, ќе одиграат 5 меча за три дена за пласман на Ф-4 (распоред)

Момците на Зенга во пеколна младинска група, ќе одиграат 5 меча за три дена за пласман на Ф-4 (распоред)

Покрај кај младинките, овој викенд започнува убрзано првенство да се игра и кај момците, кај нив ритамот ќе биде пеколен поради големиот број на екипи кои се пријавени во младинската лига. Вардаровите момци играат во групата-Г.

Избраниците на Зоран Петковски-Зенга, ќе бидат дел од групата со пет искучително силни, скопски екипи. Во нашата група се РК Скопје 2020 на Будимир,  РК Металург, РК Работнички, Пролет и РК Јуниор К.В. За да се игра на завршниот Ф-4 турнир мора да се дојде до победа речиси во сите 5.меча, задачата е тешка црвено-црните момци ги очекува навистина тежок период, но долго тренираа работеа вредно, време е да го валоризираат истото.

Очигледно регионализацијата на првата фаза, и играњето со скопски ривали носи тешки мечеви за нас, доколку бидеме први играме во полуфинале со Групата-А, каде играат екипите на: Астрион, Радовиш, Борец, Куманово, Партизан и РК КЛ7 Свети Николе.

Натпреварите   заради густината на распоредот ќе се играат по 25.минути едно полувреме наместо по 30, одморот ќе биде само 10.минути, а клупите добиваат прво на еден тајм-аут во двете полувремиња. Дуелите се играат расподени  во три дена, од утре (12/06) до понеделник (14/06), сала домаќин на овој настан е “Автокоманда“. Во продолжение ќе ги поставиме саатниците, паровите, и другите детали за натпреварите на нашите момци.

Сабота-инфо

Недела-инфо

Понеделник-инфо