Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци на 15.јули означуваат старт на подготовките за новата сезона

Вардарци на 15.јули означуваат старт на подготовките за новата сезона

Ракометарите на Вардар својот прв собир ќе го имаат на 15.јули, кога ќе означат и старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Под водство на новиот тренер, Веселин Вујовиќ, тимот ќе започне со припреми во Скопје, каде ќе се одработат редовните лекарски прегледи, како и запознавањето со новите играчи. Од 19-29.јули, црвено-црните своите главни подготовки ќе ги одработат во Златибор (Србија) каде ќе се работи на физичката подготовка, а сигурно дека и ќе се одигра некој контролен натпревар.

Во август ќе настапиме на традиционалниот турнир во Струга, како и на „Хуел Купот“ во Германија, каде силите ќе ги одмериме со квалитетни противници. Во август треба да се одиграат и двете четвртфинални средби од СЕХА лигата против ППД Загреб, и за тие натпревари се очекува потврда на точните датуми и саатници.