Тимот на Вардар-Б одигра заостанат дуел со екипата на КК КТЦ Мусандра, во рамки на Македонската кугларска лига.
Овој натпревар немаше резултатско значење за црвено-црните момци од Б-тимот на Вардар. Екипата која имаше фаворитска улога, тимот на КК ГТЦ дојде до победа со резултат 6-2. За нас поентираа Љупчо Митиќ (514) и Бранко Митиќ (549). Противникот освои 15 сета наспроти 9 на нашиот тим, ние имавме вкупен резултат 3097, тимскиот резултат на нашит вчерашен противник дојде до бројката 3179.