Ракометарите на Вардар својот прв собир ќе го имаат на 15.јули, кога ќе означат и старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона.
Под водство на новиот тренер, Веселин Вујовиќ, тимот ќе започне со припреми во Скопје, каде ќе се одработат редовните лекарски прегледи, како и запознавањето со новите играчи. Од 19-29.јули, црвено-црните своите главни подготовки ќе ги одработат во Златибор (Србија) каде ќе се работи на физичката подготовка, а сигурно дека и ќе се одигра некој контролен натпревар.
Во август ќе настапиме на традиционалниот турнир во Струга, како и на „Хуел Купот“ во Германија, каде силите ќе ги одмериме со квалитетни противници. Во август треба да се одиграат и двете четвртфинални средби од СЕХА лигата против ППД Загреб, и за тие натпревари се очекува потврда на точните датуми и саатници.