Кугларскиот Куп 2021 е на програмата утре, сабота 26.јуни, истиот ќе се одигра во новата куглана во Битола. Утре попладне ќе го дознаеме шампионот во ова натпреварување по една година пауза, изминатата поради пандемијата не се одигра истиот.
На завршницата која е замислена како Ф-4, односно ќе учестуваат најдобрите четири екипи во лигашкиот дел од МКЛ. Станува збор за нашиот Вардар-А, тимот кој е шампион во МКЛ, вице-првакот Макпетрол кој по две децении не е веќе најдобар во лигашкиот дел и утре ќе се обиде да ја спаси сезоната. Останатите две учесници се тимовите на домаќинот КК Пелистер и екипата на КК ГТЦ Мусандра од Скопје.