Бразилецот Итало ќе биде запишан во низата на играчи кои дојдоа, малку одиграа и експресно си заминаа. Бразилскиот голгетер дојде во Вардар како големо засилување за Лигата на Европа, но одигра малку. Ќе се памети оној погодок против Розенборг на домашен терен, кога Вардар одигра 1:1 за историски бод.
Итало за бразилски „Јовем Пам“ искажа каков му бил престојот во Вардар.
„Македонија беше сомнителна приказна. Мојата позајмица во Сао Пауло заврши откако заврши и Паулистао. Заздравував од повреда на коленото. Рожерио Сени само што пристигна во клубот и јас сакав да си одам за да играм повеќе. Добив повик од македонски Вардар кој играше тогаш во Лигата на Европа. Ја прифатив поканата да играм таму, беше добро искуство, но работите не одеа како што треба бидејќи не ми плаќаа. Побарав да си заминам. Потоа, играв за Линенсе четири меча, па го скршив стапалото. Директорот на Брагантино ме повика да се лекувам, па останав тука веќе три години и се надевам ќе играм уште долго“, изјави Итало.