Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошаркарките У16, со пехарот и златните медали се враќаат од Тбилиси, вардарката Милованова со 9.поена во финалето
Кошаркарките У16, со пехарот и златните медали се враќаат од Тбилиси, вардарката  Милованова  со 9.поена во финалето

Кошаркарките У16, со пехарот и златните медали се враќаат од Тбилиси, вардарката Милованова со 9.поена во финалето

На последниот ден од турнирот, ја декласиравме и Грузија (104:36), за прво место во групата

Женската селекција на Македонија, за кошаркарки „Под 16“ години е победник на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој изминатава седмица се одржуваше во Тбилиси.

Во решавачкиот натпревар, нашите кадетки уште еднаш покажаа супериорна игра. Беа многу подобри од домашната селекција на Грузија. Дадоа уште една „стотка“, славеа со повеќе од убедливи (104:36).

ГРУЗИЈА – МАКЕДОНИЈА          36:104

И со максимални четири победи стигнаа до победничкиот трофеј и златните медали кои ги доделува ФИБА за ова ново натпреварување.

Рамноправен период во овој меч беше само оној првиот во кој Македонија имаше „само“ (21:16). Но работите некако почнаа да доаѓаат на своето место со почетокот на втората четвртина.

Период од играта во кој оставривме „вишок“ од 19.поени, и  на полувремето дојдовме до скоро недостижни (46:21).

Потврдата на квалитетот јаа дадовме во третиот дел од мечот во кој стана јасно дека Македонија е победник на собирот во Тбилиси.и тој дел го добивме со плус 19.

Михаела Алексовска со 28, и Марија Иванов со 20.поени го предводеа нашиот тим до четвртата победа на „Челенџерот“ од кој се враќаат со големиот пехар и медалите како знак на еден одличен настап.

Вардарката Ана Милованова погоди 9.поени во ова финале.