На ЕХФ шампионатот во Скопје за кадети, машката репрезентација на Македонија обезбеди место во финалето на откако во драматичен натпревар по пенали ја совлада селекцијата на Швајцарија со 34-33 во петокот. Ривал за избраниците на Кирил Лазаров во дуелот за трофејот и за место на ЕП следната година и во кадетска и младинска конкуренција ќе биде селекцијата на Полска.
Треба да напоменеме дека имаме предност во квалитет, токму оваа селекција ја совладавме во групната фаза, убедливо со 30-25. Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра денес, 15.август во СЦ “Борис Трајковски” со почеток во 18:00 часот. Давид Савревски кој беше МВП-на полуфиналниот дуел е единственот вардарец во оваа селекција.