Со победа од 25:22 против Полска репрезентацијата на Македонија, вчера се избори за големо финале и на женскиот кадетски шампионат во Клаипеда.
Оваа победа на девојките на Савевски им обезбеди големо финале, против селекцијата на Исланд. Натпреварот се игра денес, недела 15.август со почеток во 18-00 часот. Во оваа селеција има пет вардарки: Мила Пешиќ, Коцева Бојана, Тошевска Магдалена, Коцева Борјана и Јана Равојска.
Судии на напреварот за освојувач на овој ЕХФ шампионат во Литванија се делегирани, Барбора Боцакова и Луција Јаносикова од Словачка.