Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат во вечерашното финале на 49.издание на традиционалниот турнир во Струга.
Двете екипи остварија по две победи во својата група и на тој начин го освоија првото место, па вечерва ќе се судрат меѓусебно во големото финале. Вардар беше подобар од екипите на Струга (39:26) и Бутел (25:24), додека Еурофарм Пелистер ги доби натпреварите против Металург (24:25) и Тиквеш (21:38).
Вардарци ќе се обидат да му се оздмаздат на битолскиот тим за ланскиот пораз токму во финалето на истиов турнир, но и од поразот пред неколку дена во рамките на Супер Купот, на кој Еурофарм Пелистер забележа висока победа.
Вардар има нов тренер и голем број на нови засилувања, па сигурно дека е потребно време да се вклопи екипата, затоа ваквите натпревари се како добредојдени за пред стартот на новата натпреварувачка сезона, во која Вардар ќе биде битка на неколку различни фронтови.
Финалето на програмата е вечерва со почеток од 21:15 часот, со директен пренос на МРТ.