Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го победи Бутел и се пласира во финалето на струшкиот турнир
Вардар го победи Бутел и се пласира во финалето на струшкиот турнир

Вардар го победи Бутел и се пласира во финалето на струшкиот турнир

Избраниците на Веселин Вујовиќ со втората победа во групата, овој пат против екипата на Бутел, обезбедија пласман во големото финале на 49.издание на традиционалниот турнир во Струга.

Вардар по крајот на првото полувреме беше во предност од 12:10. Се играше гол за гол се до 10.минута, кога Георгиевски имаше можност да му донесе предност на Вардар од два гола, но Чаневски му одбрани зицер удар, но не и во следната акција кога Дибиров се погрижи неговиот тим да стигне до водство од 5:3 во 11 минута, по што Кристијан Грчевски, тренерот на Бутел се реши да повика тајм-аут. На овој натпревар за прв пат во составот на Вардар го видовме и Едуардо Гурбиндо кој во првиот дел успеа да постигне еден погодок. На нашиот гол беше Борко Ристовски кој до средината на првото полувреме имаше две одбрани, додека и во овој дел од натпреварот имавме два гола разлика. За 7:4 со својот прв гол зголеми Диало, додека Гаџа погоди и за 8:5. Следеше период во кој екипата на Бутел постигна три гола во серија за израмнување на 8:8, но вардарци за нецели три минути ја врати позитивата од три гола. Најпрво водството од 9:8 го врати Гурбиндо со удар од седум метри, додека со головите на Дибиров и Георгиевски имавме предност од 11:8. Во последните три минути екипата на Бутел го намали резултатот на 12:10.

Во вториот дел на голот на Вардар го видоме Али Сафар, кој набрзина стигна до две одбрани, но Бутел сепак успева да израмни на 13:13. Избраниците на Вујовиќ иако одржуваа некаква предност, сепак таа не беше доволна за да се одлепиме од противникот. Со голот на Чувара поведовме со 15:13, но противникот врати со гол и го намали резултатот на само еден погодок заостанување. Али Сафар не му дозволи на Бутел повторно да го израмни резултатот, тоа го користиме преку Чувара кој со својот шестти гол му донесе водство на Вардар од два гола во 50 минута од натпреварот. Во второто полувреме, Вујовиќ им даде шанса и на младите македонски ракометари, Мишевски, Јагуриновски, како и Ќосевски кој се запиша во листата на стрелци. На крајот Вардар слави минимално со резултат 25:24.

Ќе гледаме реприза на финалето од минатата година, кога во истото се сретнаа екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Истото на програмата е утре со почеток од 21:15 часот.