Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките обезбедија финале на ЕХФ шампионатот
Кадетките обезбедија финале на ЕХФ шампионатот

Кадетките обезбедија финале на ЕХФ шампионатот

Попладнево во полуфиналето со  победа од 25:22 против Полска репрезентацијата на Македонија се избори за големо финале и на женскиот кадетски шампионат во Клаипеда. Одлична игра прикажаа македонските кадетки и заслужено обезбедија финале.

На почетокот се играше гол за гол, а потоа во 14. минута Полска дојде до 7:4, , но предноста на Полска стигна и до плус четири во 20. минута (10:6). Влеговме во серија 5-0 успеавме да се вратиме на резултатски план и на одмор заминавме со резултат 12-12.  Противникот во вториот дел поведе со 15-12, сепак изнајдовме сила и победивме со добра игра до крајот со 25-22.  Победата донесе големо финале утре против селекцијата на Исланд.

Од вардарки Коцева Бојана имаше три гола на овој натпревар.