Од минатиот понеделник, кадетско-младинската екипа на РК Вардар 1961 работи вредно под будното око на нивниот кормилар, Зоран Петковски-Зенга. Тој ги подготвува за есенските предизвици и настапи кои се очекуваат доколку се биде во ред со пандемиската слика.
Нивниот тренер комбинира во оваа фаза со кондициони тренинзи на отворено, и со тренинзи во сала каде работи на подобрување на техничката подготвеност на оваа млада екипа на црено-црните. Сите момци вредно и посветено ги исполнуваат задачите зададени од тренерот.