Friday ,20 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Михајловски: Натпреварот со ППД Загреб може да го следат 1.000 гледачи
Михајловски: Натпреварот со ППД Загреб може да го следат 1.000 гледачи

Михајловски: Натпреварот со ППД Загреб може да го следат 1.000 гледачи

Денес ракометниот клуб Вардар одржа прес-конференција, на која ги претстави новите дресови и ги истакна плановите за новата натпреварувачка сезона.

Претседателот на клубот, господинот Михајло Михајловски, пред медиумите се обрати и истакна вест за натпреварот од 1/4 финалето во СЕХА-лигата против екипата на ППД Загреб.

Михајловски истакна дека првиот 1/4 финален дуел од СЕХА кој е закажан за 26.август во С.Ц. Јане Сандански ќе можат да присуствуваат 1.000 гледачи, но само со почитување и исполнување на последните мерки кои ги донесе владата на Република Македонија.

При влез во салата освен лична карта ќе биде задолжително и поседување, приложување и проверка на сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена,

Михајловски истакна дека клубот дополнително ќе се изјасни дали ќе можат да се набават посебни билети за овој натпревар, или ќе се влегува само со лична карта и горенаведените протоколи. Влезот ќе биде слободен.