Утре започнува Втората македонска фудбалска лига. Вардарци во воведното коло гостуваат во Дебар кај екипата на Кораб. Пред овој натпревар познати се и судиите за дуелот во Дебар.
Главен судија на утрешниот дуел ќе биде Ѓоргиев Крумислав од Штип. Ќе му помагаат Саздовски Зоран и Гигов Александар исто така од Штип, додека пак четврти судија ќе биде Нанков Нинослав од Гостивар.
Дуелот на Кораб и Вардар, утре започнува со почеток од 16.00 часот.