Веќе четири седмици, девојките од ЖОК Вардар ЕМ ги одработуваат своите летни подготовки за есенските предизвици кои ги очекуваат во сезоната 2021/2021 во одбојкарските лиги.
Избраничките на Емилија Јаничиќ, се уште се во фаза на засилена подготовка на физички план, но започнаа и со тренинзи во сала. Тие навлегоа во оваа втора фаза од подготовките за престојната сезона. Во сала се работи на усовршување на одбојкарските техники, подготвувајќи се и засилувајќи ја кохезијата на црвено-црниот тим. Парарелно на тоа продолжуваат и кондиционите подготовки.