Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Сите во Маџари да го поддржиме Вардар на мечот против Воска

Комити: Сите во Маџари да го поддржиме Вардар на мечот против Воска

*Преземено од официјалната страница на Комити Запад:
241645432_4310659752321610_6025060700837155293_n
Стартните две кола како второлигаш не го најавуваат она што цела Црвено-Црна Армија го очекува од најголемиот Македонски спортски бренд. Затоа на пријателскиот дуел со Македонија Ѓ.П. го видовме и препознавме она што треба да биде Вардар во првенството – Желба, убоитост, страгетија, цел, тимски дух, квалитет…
Она што е важно за нас е дека овој натпревар против Воска за нас ќе биде воопшто прв домашен првенствен натпревар каде Вардар ќе игра пред своите навивачи.
Нема да е Градски, ќе биде во Маџари, но ние имаме убави спомени од некои славни Шампионски денови, кога ја полневме до врв единствената трибина и грмевме во текот на сите 90 минути.
Како Вардар ќе игра на теренот во многу зависи од тоа каква ќе биде поддршката и атмосферата, но како ќе се претставиме ние зависи само и единствено од нас. Па да се претставиме во најдобро светло и со стил да го трасираме единствениот пат кој треба да го изодиме сезонава.
Нека има добра забава и дружба на Собир и на трибина, нека ечат песните за Вардар⚫ !
Во Маџари Агендата е следна:
Собир Кино Маџари во 14:00ч.
Понесете Македонско знаме под кое се идентификувате (национално или државно)
⚫ Сите во црно !
НАПОМЕНА: ПОРАДИ ДЕНОВИТЕ НА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНИЈА, ОВОЈ ДУЕЛ СЕ ОДЛОЖУВА ЗА 24 ЧАСА, И ЌЕ СЕ ИГРА ВО НЕДЕЛА, 16-00 ЧАСОТ, НА ИСТИОТ СТАДИОН