Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одложен стартот во ракометната Супер лига, натпреварот на ФК Вардар се поместува за недела
Одложен стартот во ракометната Супер лига, натпреварот на ФК Вардар се поместува за недела

Одложен стартот во ракометната Супер лига, натпреварот на ФК Вардар се поместува за недела

Поради трагедијата која се случи вчера во мобиларната болница во склоп на ковид-центарот во Тетово, во која имаше и жртви, владата на Р.Македонија се одлучи да прогласи тридневна жалост.

Поради тоа, стартот на новата сезона во ракометната Супер лига кој беше закажан за денес, истиот се одложува за друг термин. Вечерва, Вардар требаше да го одигра првото коло против екипата на РК Скопје, но истиот како и сите останати натпревари од првото коло ќе се одиграат во недела (12.09).

Поместување за еден ден доби и натпреварот на ФК Вардар против екипата на Воска. Првиот официјален термин беше во сабота, но натпреварот се поместува за недела (12.09) на стадионот Борис Трајковски.