Tuesday ,21 September 2021
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати термините во Европскиот Куп за ЖРК Вардар
Познати термините во Европскиот Куп за ЖРК Вардар

Познати термините во Европскиот Куп за ЖРК Вардар

После неколку години, вардарки се враќаат на европската сцена. Во рамките на Европскиот Куп, тимот на ЖРК Вардар за противник ја доби екипата на Приштина од Косово.

Веќе се познати и термините на одигрување на двата натпревари. Првиот е закажан за 16.октомври во Приштина од 17:00 часот, додека реваншот е седум дена подоцна во С.Ц. Јане Сандански, истиот ќе стартува од 17:00 часот.