Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски во недела атакува на полумаратонот во Битола
Завировски во недела атакува на полумаратонот во Битола

Завировски во недела атакува на полумаратонот во Битола

Во недела низ улиците на Битола ќе се одржи атлетската манифестација “Трчај Бе”. на програмата се три дисциплини односно трки на 5км, 10км и 21км.

Во склоп на трката на 21км ќе се одржи и балканското првенство во полумаратон. Се очекува масовност од околу 1000 натпреварувачи и квалитетна стартна линија. Стартот е закажан во 8 часот пред Градскиот часовник. Завировски ќе го трча својот втор полумаратон оваа сезона односно 23 во кариерата. Да потсетиме полумаратонот во Охрид го истрча за 1 час и 27 минути.