Крумислав Ѓоргиев од Штип ќе биде главен судија на дербито на Втората лига – Запад помеѓу екипите на Вардар и Воска Спорт. Негови помошници ќе бидат Ристо Ѓорѓиев (Штип) и Зоран Саздовски (Штип).
Ѓоргиев минатата сезона во неколку наврати му судеше на Вардар, а сега ќе има повторно задача да му ја дели правдата на најтрофејниот.
Дуелот помеѓу екипите на Вардар и Воска Спорт се игра в недела со почеток од 16.00 часот во скопската населба Маџари.