Во недела низ улиците на Битола ќе се одржи атлетската манифестација “Трчај Бе”. на програмата се три дисциплини односно трки на 5км, 10км и 21км.
Во склоп на трката на 21км ќе се одржи и балканското првенство во полумаратон. Се очекува масовност од околу 1000 натпреварувачи и квалитетна стартна линија. Стартот е закажан во 8 часот пред Градскиот часовник. Завировски ќе го трча својот втор полумаратон оваа сезона односно 23 во кариерата. Да потсетиме полумаратонот во Охрид го истрча за 1 час и 27 минути.