Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар треба да одигра уште една одлична партија, овој пат во дербито на Македонија!
Вардар треба да одигра уште една одлична партија, овој пат во дербито на Македонија!

Вардар треба да одигра уште една одлична партија, овој пат во дербито на Македонија!

За ракометарите на Вардар нема одмор. По одличната партија и победата над Мешков Брест, погледите и анализите се насочуваат кон неделниот натпревар во Скопје и дерби пресметката против екипата на Еурофарм Пелистер.

Овој дуел доаѓа во одличен момент за Вардар, ако се земе во предвид дека тимот влезе во одлична форма (посебно се мисли на браќата Њокас и Томовски) кои ,,везат” на теренот. Е сега, дали и колку Вујо ќе ротира на овој натпревар останува нејасно. Можно е неколку играчи да бидат одморени и да се поштедат бидејќи во среда Вардар игра нов тежок натпревар во ЛШ.

Дуелот на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе биде дури трет натпревар оваа сезона на овие две екипи. И двете екипи имаат по една победа во меѓусебниот дуел сезонава. Очекуваме со поддршка од трибините, Вардар да дојде до победа и на овој натпревар, кој во недела ќе започне со почеток од 18.00 часот.

Главни судии на овој дуел ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат ќе биде Камер Металари исто така од Скопје.