Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја очекуваат квалификации за пласман во Елитната рунда. Нашите млади надежи ќе одиграат три натпревари со репрезентациите на Полска, Ирска и Андора, домаќин ќе биде репрезентацијата на Ирска.
За овој квалификациски турнир, селекторот Тони Јакимовски повика двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Марко Стојилевски и Симеон Здравковски.
Квалификациите ќе ги отвориме на 7.октомври со натпревар против репрезентацијата на Полска. На 10.октомври играме против домаќинот Ирска, додека на 13.октомври е закажан дуел со репрезентацијата на Андора.
Пласман во елитната рунда ќе обезбедат репрезентациите кои ќе се пласираат на првите две места.