Кугларскиот шампион на Република Македонија за сезоната 2020/2021, тимот на КК Вардар вчера доцна пристигна во Хрватска каде го очекува настап. Тие ќе настапат на најсилниот меѓународен кугларски собир, местото каде што доаѓаат најсилните екипи, Светскиот куп 2021.
На овој меѓународен официјален куларски собир ќе играме како преставици на нашата земја со „кремот на куглањето“, многу звучни имиња се тука. Еден од нив е Метројак поранешниот тим на нашиот претседател Димитар Димитровски, потоа сегашниот клуб каде што повторно се спои дуото „Влаќе-Диме“, екипата на Неункирчен каде што игра и Влаќевски.
Натпреварувањето се игра во хрватскиот град Оточац, истото започнува од денес (вторник, 5.октомври) .