Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло на Европскиот Куп во женска конкуренција. Македонија има четири претставници во ова натпреварување, а три од нив ќе играат само на гостински терен.
Единствениот тим што ќе игра и дома е Вардар. Првиот меч меѓу Вардар и Приштина е на програмата на 16 октомври од 17:00 часот, а судии се Калуѓеровиќ и Вујачиќ од Црна Гора, додека делегат е Сивиркаја од Турција.
Реваншот е во Скопје на 23 октомври од 17:00 часот, а судии се Куловиќ и Скаљиќ од Босна и Херцеговина, додека делегат е Ракочевиќ од Црна Гора.