Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Шампионот на Македонија, КК Вардар на собирот на најдобрите, дел од Светскиот куп во Хрватска (ФОТО)
Куглање: Шампионот на Македонија, КК Вардар на собирот на најдобрите, дел од Светскиот куп во Хрватска (ФОТО)

Куглање: Шампионот на Македонија, КК Вардар на собирот на најдобрите, дел од Светскиот куп во Хрватска (ФОТО)

Кугларскиот шампион на Република Македонија за сезоната 2020/2021, тимот на КК Вардар вчера доцна пристигна во Хрватска каде го очекува настап. Тие ќе настапат на најсилниот меѓународен кугларски собир, местото каде што доаѓаат најсилните екипи, Светскиот куп 2021.

244186644_10220305561931377_1808438927933064828_n

На овој меѓународен официјален куларски собир ќе играме како преставици на нашата земја со „кремот на куглањето“, многу звучни имиња се тука. Еден од нив е Метројак поранешниот тим на нашиот претседател Димитар Димитровски, потоа сегашниот клуб каде што повторно се спои дуото „Влаќе-Диме“, екипата на   Неункирчен каде што игра и Влаќевски.
Натпреварувањето се игра во хрватскиот град Оточац, истото започнува од денес (вторник, 5.октомври) .