По три кола единствено ЖКК Вардар и Бадел се максимални со три победи во македонската женска сениорска-А група. Црвено-црните дами и баделки имаат по шест бода и ја делат првата позиција.
Викендов на програмата е 4.коло кај дамите, вардарки во оваа рунда гостуваат кај тимот на ЖКК Крива Паланка во истоимениот град. Дуелот е закажан за сабота (30.октомври) со почеток во 15-00 часот. Натпреварот од Групата-А во сениорската кошаркарска женска лига ќе се одигра во салата “Бранители 2001“ -Крива Паланка.