Фудбалерите на Вардар играат одлично на последните неколку натпревари и заслужено собираат само бодови. Дека во ФК Вардар владее вистинска другарска атмосфера и дека сите функционираат како едно говори и последната средба во Хиподром, каде присуствуваа сите играчи, тренери, па дури и новите сопственици на клубот.
Се направи мал пикник каде сите играчи дегустираа, дискутираа, а потоа тргнаа на работа за идниот предизвик, тимот на ФК Гостивар.
За поздравување е оваа дружба на фудбалерите и сопствениците на Вардар, нешто што не бевме навикнати да го гледаме минативе години.
Фото: Кочо Сотировски